Kajgana
Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај Александра Спасеска 19.05.2026 / 15:19 Љубов и секс Венера влезе во Рак на 19 мај, каде што ќе остане до 13 јуни, а пред да се пресели во Лав, би можела да промени нечиј живот... Во астрологијата, транзитот на Венера низ Рак носи акцент на емоциите, безбедноста во љубовта, семејните односи и потребата од блискост. Всушност, денеска започна период во кој љубовта не се изразува преку големи гестови, туку преку внимание, грижа и мали знаци на наклонетост. Енергијата на Венера во Рак поттикнува посилни емоционални врски, носталгија и желба за стабилност, но и поголема чувствителност во врските. Ова значи дека многу знаци во овој период би можело да почувствуваат потреба да се повлечат во светот на сопствените емоции и да се посветат на луѓе кои им всадуваат чувство на сигурност... Рак Раковите ќе го почувствуваат овој транзит најинтензивно затоа што Венера е во нивниот знак. Емоциите ќе бидат подлабоки од вообичаеното, а фокусот е на љубовта, домот и блиските врски. Ова е период кога може да привлечат повеќе внимание и полесно да постигнат емоционална поврзаност. Скорпија Скорпиите добиваат зголемена страст и емоционална длабочина. Венера им носи можност за интензивни љубовни врски и поискрено отворање кон партнерот, а можни се и важни решенија во емоционалните врски. Риби За Рибите, овој транзит носи романтична и инспиративна енергија. Интуицијата во љубовта е засилена, како и потребата за нежност и разбирање, а можни се и убави емотивни пригоди или обновување на стара врска. Девица Девиците добиваат поголема стабилност во партнерските односи во овој период. Венера им помага полесно да ги изразат своите чувства и да внесат повеќе топлина во секојдневните односи, додека фокусот е на мали гестови што ја зајакнуваат довербата и блискоста. хороскоп Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site