Kajgana
ФФМ како џандар збира: Казнети 9 клубови, играч и тренер со вкупно 26 илјади евра Филип Здравески 19.05.2026 / 17:35 Фудбал Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија имаше полни раце работи поради низа инциденти, а на крајот казни 9 клубови, еден играч и еден тренер со вкупна парична казна од 26 илјади и 600 евра. Фото: ФФМ Најлошо мина кавадаречки Тиквеш кој на ФФМ ќе мора да ѝ плати дури 10 илјади евра поради изречени две идентични казни од по 5 илјади евра. Касата на ФФМ за по 5 илјади евра ќе ја збогатат штипска Брегалница и тетовска Шкендија, скопски Вардар ќе „донира“ 3.500, битолски Пелистер 2.500, а арачиновска Шкендија 77 „само“ илјада евра. Казнети со по 500 евра се играчот и тренерот на Шкендија, репрезентативецот Имран Фетаи и стратегот Јетон Беќири. 10.000€ ГФК Тиквеш 5.000€ ФК Брегалница 5.000€ ФК Шкендија 3.500€ ФК Вардар 2.500€ ФК Пелистер 1.000€ ФК Шкендија 77 500€ Имран Фетаи 500€ Јетон Беќири 300€ ФК Осогово 150€ ФК Дет. Плачковица 150€ ФК Саса Вкупно: 26.600 Во прилог образложението на Дисциплинската комисија при ФФМ за секоја казна: – Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот; – ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар. – ФК Вардар се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар. – ФК Шкендија се казнува со парична казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга. – ФК Вардар се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс. – ФК Шкендија 77 се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница и ФК Шкендија 77. – ФК Осогово се казнува со парична казна од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и ФК Шкендија 77. – ФК Детонит Плачковица се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница. – ФК Каменица Саса се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос. – Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. – Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. – ФК Брегалница се казнува со парична казна од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница и ФК Шкендија 77. – ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973. – ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување на камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973. ФФМ ФК Тиквеш ФК Вардар ФК Пелистер ФК Брегалница ФК Шкендија ФК Шкендија 77 Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On
Go to News Site