Kajgana
Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО Филип Здравески 19.05.2026 / 19:34 Фудбал Португалскиот репрезентативец Витиња откри дека Кристијано Роналдо продолжува да го инспирира целиот тим пред Светското првенство 2026. Рече дека се надеваат дека ќе го освојат турнирот заедно со нивниот капитен, но и за него, пишува Goal. Во интервју за ФИФА пред претстојното првенство, Витиња нагласи колку големо влијание има Роналдо во соблекувалната. Иако е близу до крајот на својата кариера и моментално игра за Ал Наср во Саудиска Арабија, Роналдо останува клучна фигура во националниот тим. Неговото присуство продолжува да ги обликува амбициите на тимот додека се подготвуваат за проширениот турнир во Северна Америка, а Витиња јасно стави дознаење дека играчите се мотивирани од шансата да го освојат единствениот голем меѓународен трофеј што му недостасува на нивниот капитен. Витиња објасни како лидерството и професионализмот на Роналдо го движат тимот. Иако некои набљудувачи ја доведуваат во прашање неговата улога во почетниот состав, играчот од средниот ред истакнува дека работната етика на познатиот напаѓач останува ненадминлива. „Роналдо е еден од најголемите играчи во историјата. Исклучително сум горд што ја делам соблекувалната со него, што учам од него и што секој ден сведочам на неговиот професионализам. Се надевам дека ќе можеме да го освоиме Светското првенство со него и за него“, рече Витиња. „Неговиот пристап кон фудбалот е исклучително професионален и сериозен. Тој ништо не остава на случајноста. Излегува на теренот знаејќи дека е 100% подготвен и дека направил сè што можел за тимот.“ Витиња, исто така, призна дека иако амбицијата на Португалија е да ја освои титулата, патот до финалето нема да биде лесен. Нагласи дека тимот во моментов е фокусиран исклучиво на победа во секој следен натпревар. На претстојното Светско првенство репрезенатцијата на популарените „Навигатори“ е во групата К со ДР Конго, Узбекистан и Колумбија. Витиња Кристијано Роналдо СП 2026 Португалија фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off
Go to News Site