Collector
ФК Силекс го освои фудбалскиот Куп на Македонија | Collector
ФК Силекс го освои фудбалскиот Куп на Македонија
Kurir

ФК Силекс го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Силекс по четврти пат во својата историја го освои Куп на Македонија, откако во големото финале на арената „Тодор Проески“ ја совлада Шкендија со 1-0. Со овој триумф, кратовци се израмнија со Работнички по бројот на освоени куп-трофеи и сега го делат третото место на вечната листа на најуспешни екипи во натпреварувањето. Клучниот момент од средбата се случи во 71. минута. По грешка на средината од теренот на Шкендија, Додев повлече контранапад и одлично го проигра Алиќ, кој од непосредна близина ја затресе мрежата за големо славје на кратовци. До крајот, Шкендија се обидуваше да се врати резултатски, но цврстата и борбена игра на тимот на Васоски не дозволи промена на резултатот. Со победата, Силекс обезбеди и настап во квалификациите за Конференциска лига, со што клубот ќе има европско лето.

Go to News Site