Kurir
Двe лица загинаа ноќеска при украински напад со дрон врз градот Сизран во руската Самарска област, соопшти гувернерот Вјачеслав Федорищев преку апликацијата „Телеграм“. Сизран се наоѓа на реката Волга и е оддалечен околу илјада километри од границата со Украина. Инаку, во Сизран се наоѓа и голема рафинерија за нафта, што ја прави областа важна од енергетската гледна точка за руското стопанство. Напади со украински дрнови имало и во пограничната Белгородска област, шри што во два напади врз возила биле ранети три лица. Во текот на ноќта била прогласена воздушна тревога во неколку региони во Русија, а има и извештаи за затворени аеродроми. Украинските власти пак јавуваат за напади врз источниот град Днипро, при што е повредена една жена. Русија и Украина речиси секоја ноќ меѓусебно се напаѓаат со дронови, четири години по почетокот на руската воена интервенција врз соседнаата држава.
Go to News Site