Kurir
Георгина Родригез привлече големо внимание на Канскиот филмски фестивал откако се појави со сосема нов имиџ. Верицата на Кристијано Роналдо ја промени бојата на косата и се претстави како русокоса за прв пат на настанот „Caring women in motion“, кој се одржа за време на 79-тото издание на фестивалот во Франција. Георгина носеше црно одело со светло сина јакна и отворена кошула на црвениот тепих, додека фотографиите од настанот брзо ги преплавија социјалните мрежи. Моделот и инфлуенсерка во последните години сè повеќе гради кариера во светот на модата, а нејзиното појавување во Кан предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Родригез и Кристијано Роналдо се верија минатиот август по девет години врска. Според странските медиуми, свадбата треба да се одржи по Светското првенство во 2026 година.
Go to News Site