Kurir
Обединетите нации синоќа усвоија резолуција со која се поддржува правното мислење на Меѓународниот суд на правдата дека државите имаат обврска да се справуваат со климатските промени. „За“ резолуцијата гласаа 141 земја, осум беа „против“, а 28 се воздржаа од гласање. Меѓу оние што гласаа против се и Соединетите Американски Држави, Саудиска Арабија, Русија, Израел, Иран, Јемен, Либерија и Белорусија. Резолуцијата ја предложи тихоокеанската островска држава Вануату и го поддржува мислењето на Меѓународен суд на правдата од јули 2025 година, според кое државите се должни да ја намалат употребата на фосилни горива и да го ограничат глобалното затоплување. Иако мислењето на Меѓународен суд на правдата не е правно обврзувачко, се очекува да биде користено како основа во климатски судски спорови ширум светот. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја поздрави одлуката оценувајќи ја како „силна потврда на меѓународното право, климатската правда, науката и одговорноста на државите“. Американската заменик-амбасадорка во Обединети нации, Тами Брус, изјави дека резолуцијата содржи „несоодветни политички барања поврзани со фосилните горива“. Активисти на организациите за спрачување на климатските промени го оценија гласањето како повик до државите да ги претворат заклучоците во конкретни мерки.
Go to News Site