Collector
Стоилковиќ во посета на Кина на состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа | Collector
Стоилковиќ во посета на Кина на состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа
Kurir

Стоилковиќ во посета на Кина на состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, од 23 до 29 мај ќе престојува во работна посета на Народна Република Кина, каде ќе учествува на 7. состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и на Неделата на меѓународната соработка и размена на Шандонг и пријателските градови за 2026 година, што ќе се одржи во Јинан, покраината Шандонг. Како што соопшти Кабинетот на министерот, на настанот, што се одржува под мотото „Заедно ја обликуваме иднината“, предвидено е учество на високи претставници од Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и повеќе сесии посветени на економската, трговската и регионалната соработка. За време на посетата, како што додаваат оттаму, вицепремиерот Стоилковиќ ќе оствари повеќе средби и активности насочени кон унапредување на економската и институционалната соработка, продлабочување на партнерските односи и отворање нови можности за инвестиции и поврзување меѓу регионите и градовите. (МИА)

Go to News Site