Collector
Терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово | Collector
Терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Kurir

Терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово

Општина Куманово соопшти дека денеска е извршен првиот третман на терестичка дезинсекција против возрасна форма на комарци на повеќе локации низ градот и околните населби. Активностите се спроведуваа по течението на реката Кумановка, од Кумановска Бања, преку Проевце, Бејтови Ниви, кејот на реката, како и на повеќе јавни површини и населби низ градот. Со дезинсекцијата беа опфатени и површините околу градскиот парк, улиците „Никола Тесла“, „11 Октомври“ и булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, реонот околу ООУ „Толи Зордумис“, Диво Насеље, Романовце, Зелен Рид, централното градско подрачје, текот на реката Серава, населбата Перо Чичо, како и градските гробишта, околу ЈЗУ Општа болница. -Во процесот ќе се користи препаратот „Цитрол УЛВ- информираат од општина Куманово. Општина Куманово во текот на пролетните месеци реализира повеќе активности за заштита на јавното здравје и подобрување на хигиенските услови на територијата на општината. Спроведени беа третмани против комарци и крлежи. Од Општина Куманово информираа дека во периодот од 18 до 20 мај беше спроведен првиот циклус на дератизација против глодари и третман против бубашваби во канализациската мрежа.

Go to News Site