Collector
Хронологија на лагите на Венко Баба и 40-те разбојници | Collector
Хронологија на лагите на Венко Баба и 40-те разбојници
Kurir

Хронологија на лагите на Венко Баба и 40-те разбојници

На лагата и се кратки нозете, вели првиот. Да беше така, СДС ќе беа мекотели, посочува другиот. Та, случајно ли  е што се токму тоа во политичка смисла, помекотели здравје, додава третиот. Вака би гласела кусата конверзација поттикната од денешната инфантилна објава на непоправливата банда на Венко Баба и четириесетте разбојници од Бихаќка. Зошто? Затоа што, верувале или не и по вчерашната бриселска тешка ШЛАКАНИЦА и објава за најмногу добиени средства од ЕУ за Македонија заради најдобро сработените реформи од Реформскиот процес, цели 50% повеќе од „фронтранерите“ Црна Гора и Албанија, без срам и перде СДС продолжи да лаже. Патолошката состојба предизвикана од стравот од одговорност која каде и да е ќе ја наваса криминогената врхушка. Сега, измислија дека сме добиле помалку пари од она што ЕУ планирале да ни дадат, а за тоа бил виновен кој друг, ако не за нив „дежурниот кривец“, Владата на Мицкоски?!?! Ако верувавте дека ќе се извинат, заборавате со кого си имате работа.  Патолошките Шмрчковци, фатени во нова лага и смкнати „онакви“, во паника срочија: „ Остануваат уште само 10 дена до рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите и европските обврски. 10 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка. Без тоа нема отворање на следната фаза од преговорите. Значи нема ништо“ , треснаа северизираните чеда возљубени во Заев. И пак, настрана лагите за неисполнетите реформи, неисполнети само во нивните луцидни умови, како „слеп за стап“ се фатиле за „внесување на малцинствата“ затоа што и самите се срамат колку пати кажаа „внесување на Бугарите“, изигрувајќи лажни душегрижници и космополити, а поверојатно Венко и Заев имаат големи долгови кон Радев, Бојко, Петков и компанија. Ова е веќе востановена шема на СДС, не се извинија за ниедна лага во минатите месеци, па чуму би и за оваа? Да се потсетиме, излажаа за мигрантите, откако направија стотина прес-конференции за нив. Од миграните ни абер, па ги прекрстија во „економски мигранти“ дестината странци кои работат за „Бехтел и Енка“. Извинување, ни за лек. Лажеа за „тројанските коњи“ во ЕУ адресирајќи ги кај актуелната власт, за да добијат демант од кабинетот на еврокомесарката Марта Кос. Не само што не се извинија, туку и ден-денес владата ја нарекуваат „тројански коњ“. Лажеа и за интервјуото на Томас Вајц, дека Македонија е „тапа“ во реформите за ЕУ. Ги демантираше лично Вајц во изјава за „Канал 5“, интервјуто било прастаро, сега сме биле топ со реформскиот процес. Повторно не се извинија. И не само тоа, продолжија да лажат дека сме „крш“ во реформскиот процес. Вчерашниот демант стигна во форма на 67,5 МИЛИОНИ ЕВА како НАЈДОБРИ ВО РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС, со ДВАЕСЕТИНА МИЛИОНИ  ПОВЕЌЕ од Албанија и Црна Гора, наградени од ЕУ за учинокот. Лажат преку мизерна манипулација дека требало да добиеме повеќе пари, извртувајќи ги фактите. Лажеа и за Стратешкиот договор со Велика Британија, урнебесно изразувајќи сомнеж за некакво криминално потекло на парите. Ги демантираа амбасадори, кој ли не. Не се извинија. Лажеа дека Унгарскиот кредит е од кинески пари. Добија демант од Будимпешта. Не само што не се извинија, продолжија да лажат дека парите немале да пристигнат по падот на Орбан. Лажеа дека ТВ Алфа ќе пропадне по смената навласта во Унгарија. Не само што не пропадна, телевизијата ја зголеми гледаноста, купува нови екстра квалитетни серии за гледалиштето и најнова опрема за студијата. СДС уште лаже дека 40 насто од медиумите, сите оние кои не се нивни (значи 60 насто се медиуми на Заев, така испаѓа), биле на Орбан, без никаков аргумент, преку инсинуации и БЕЗОБРАЗНИ КОНСТРУКЦИИ. И пак, не се извнинуваат за лагите и ги верглаат истите како навиени. Лажеа дека Македонија ќе банкротира. За нивна жал, буџетот е во одлична форма, оти кога не се краде, пари се има. Се враќаат и нивните борчови кон државата. Извинување, „нормално“ дека нема. Нема ни да има. Ќе ни треба формат на „Војна и мир“ за сите лажги без опашки на Венко, Шмрчко, Богданка, Жерновски и оној ген-секот кому никој не му го знае ни името. Нормално, имајќи предвид со кого си имаме работа, никој ни на крај на умот не очекува Венко и екипата патолошки лажговци да се извинат, на Бихаќка срамот и скрупулите одамна не „обитаваат“. Единствено логичко објаснување на ова забегано и луцидно однесувања на СДС е дека „пумпаат“ криза и создаваат лажна слика за Македонија затоа што се во невидена паника, очај и уплав од она што ќе и' се случи на врхушката за криминалот во периодот 2017-2024-та година, па мислат дека ова  е последна и „задња“ шанса да бидат „визибилни“, сметајќи дека 1000 пати кажана лага станува вистина во умот на народот, не сметајќи на фактот дека кај граѓаните одамна се прочитани како „селски буквар“ со пожолтени страници, во нивниот случај со побелени носиња од иљачот на Шмрчко. И сега, ќе ги ИМА МНОГУ, затоа што знаат дека многу наскоро ЌЕ ГИ НЕМА, на слобода и на позиции, на функции никогаш. Па ќе лажат-сушат, ќе гребат и касаат, ќе сторат се за да се вадат дека демек станале закана за власта, па затоа се обвинети. Не за милионскиот криминал, корупција и предавства, туку демек е реваншизам, дмеке растат како партиај па власта се плаши од нивниот успех?!?! Каква мизерија, нели? Стара финта, за кои, за нивна жал, нема „нови будали“ за да им помине.   П.С. Другата опција е погрда, иако и таа многу реална. Следствено на нивните инфантилни наративи и детски лаги, второт објаснување е Фројдовско. Она дека НЕДОСТИГОТ НА СРАМ  е првиот симптом на глупавост...     Љупчо Цветановски

Go to News Site