Kurir
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, рече дека по помалку успешната минатата сезона, е задоволен од тоа како тој и тимот се прилагодиле на заедничката работа. - Се чувствувам многу добро. Потребно беше многу време мене и на тимот да го пронајдеме вистинскиот баланс на двете страни, а минатата сезона беше тешка со оглед на тоа што престанавме да работиме на автомобилот. Направивме многу промени и внатрешно и во нашите фабрички операции. И никогаш не сме работеле толку ефикасно како сега, истакна Хамилтон. Британецот има освоено рекордни седум титули во Светското првенство во Формула 1, исто колку и Михаел Шумахер. Во тековната сезона, Хамилтон со 51 освоен бод се наоѓа на делба на четвртата позиција во поредокот за возачи. Лидер е Кими Андреа Антонели со 100 бода.
Go to News Site