Kajgana
Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата Филип Здравески 21.05.2026 / 11:39 Свет Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди пошироката област на Неапол рано денеска во 5 ачсот и 40 минути. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот бил во заливот Поцуоли, на длабочина од само 3 километри, објави La Repubblica . Пријавена штета во Баколи Потресот бил почувствуван низ целата област на Неапол, регионот Кампанија, а многу жители се огласиле на социјалните мрежи. Досега нема извештаи за повредени, приајвена е материјална штета во баколи. Како мерка на претпазливост, општините Поцуоли, Баколи, Куарто, Куалиано, Прочида и Монте ди Прочида одлучија да ги затворат училиштата, како и неаполитанските населби Бањоли и Фуоригрота. Земјотресот се случил во областа Кампи Флегреи, огромен супервулкан кој се наоѓа западно од Неапол. Тоа е калдера, или шуплива област создадена со уривање на покривот на древна магматска комора. Тоа е високо сеизмички активна област, подложна на феноменот на брадисеизам – периодично подигнување и спуштање на земјата, што е придружено со чести роеви земјотреси, претежно со умерен интензитет. Земјотресите во оваа област се генерално плитки и се случуваат во горните неколку километри од Земјината кора. Затоа локалното население ги чувствува силно, дури и кога се со помал интензитет. #Earthquake ( #terremoto ) M4.0 occurred 15 km NW of #Napoli ( #Italy ) 29 min ago (local time 05:50:53). More info at: https://t.co/QMSpuj6Z2H https://t.co/Ex8vXZ51hg https://t.co/d77bmEYshi pic.twitter.com/aZ98pQ6Rou — EMSC (@LastQuake) May 21, 2026 земјотрес Неапол Италија Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site