Kurir
Гоце Седлоски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, на прес-конференција зборуваше за објавениот список за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција кои ќе се одиграат наредната недела. „Ни следат мечеви со две силни селекции со БиХ и Турција. Повикав повеќе играчи, доста играчи откажаа затоа што е крај сезоната и заморот и повредите го направија своето. Повикав играчи од македонското првенство, сакам да испробам некои нови имиња затоа што за брзо доаѓаат предизвиците во Лигата на нациите. Секако дека ќе има промени во екипата, сите играчи кои играат добро во клубовите, ќе бидат повикувани за националниот тим. Од секој играч сам зависи дали ќе биде со нас тука. Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса, нивно е да се докажат. Имињата кои се на списокот играат стандардно, некои ги немаме затоа што се повредени.“, изјави Седлоски.
Go to News Site