Collector
ФФМ го отфрли објаснувањето на Шкендија и поведе 6 дисциплински постапки | Collector
ФФМ го отфрли објаснувањето на Шкендија и поведе 6 дисциплински постапки
Kajgana

ФФМ го отфрли објаснувањето на Шкендија и поведе 6 дисциплински постапки

ФФМ го отфрли објаснувањето на Шкендија и поведе 6 дисциплински постапки Филип Здравески 21.05.2026 / 15:57 Фудбал Вчерашното исвиркување на државната химна од навивачите на Шкендија и одбивањето на играчите да ги примат медалите за второто место скапо ќе го чинат тетовскиот клуб, ако се суди според низата отворени постапки кои денеска ги објави ФФМ. Фото: ФФМ Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, донесе низа одлуки кои јавно ги објави: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради користење пиротехнички средства во текот на целиот натпревар (34 големи бакљи, 19 мали бакљи, 8 топовски удари, 14 дветлечки бакљи). – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради националистичко скандирање. – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради истакнување знамиња со навредлива и недозволена содржина, како и истакнување на знаме со нацистичка содржина за што веќе беа санкционирани од УЕФА. – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради скандирања со навредлива содржина кон ФФM. – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради одбивање да ги примат медалите, како и поради недоличен и деградирачки однос на фудбалерите и официјалните лица на клубот за време на церемонијата по завршувањето на натпреварот. – Поведување дисциплинска постапка против ФК Силекс АД поради националистички извици и употреба на пиротехнички средства. Фудбалска федерација на Македонија изрази сериозна загриженост и разочараност од однесувањето на дел од актерите на натпреварот, особено од постапките на раководните луѓе на ФК Шкендија и фудбалерите кои директно го нарушуваат угледот на македонскиот фудбал и достоинството на едно финале кое треба да биде празник на спортот. Инцидентите ги осуди и Министерството за спорт. Од таборот на Шкендија, пак, излегоа со соопштение во однос на непримањето на медалите дека не го направиле тоа намерно туку дека не слушнале кога официјалниот спикер ги повикувал, иако сетоа тоа убаво го слушнаа сите останати на стадионот. „ФФМ вложи максимални организациски напори натпреварот да помине во фер, спортска и достоинствена атмосфера, со високи безбедносни и организациски стандарди. Наместо тоа, јавноста беше сведок на недолично и неодговорно однесување кое не смее да има место на фудбалските терени. Недозволиво е раководни структури и поединци, наместо да придонесуваат за смирување на тензиите, да создаваат атмосфера на поделби, провокации и континуирано барање алиби за сопствените неуспеси, неспособност и незнаење. Парите и богатството не значат имање спортска и општа култура. Фудбалот и спортот воопшто бараат почит, одговорност и фер-плеј, а не провокации, навреди и поттикнување недолично однесување. Комисијата утврди дека со однесувањето на претставниците на ФК Шкендија е изразен директен презир кон Фудбалска федерација на Македонија како организатор и носител на натпреварувањето, преку омаловажување на официјалниот протокол и институцијата која го организира натпреварувањето. Истовремено, со одбивањето да се учествува во церемонијата за доделување медали, беше покажано непочитување и кон противничката екипа, бидејќи ваквото однесување претставува фактичко непризнавање на резултатот и омаловажување на постигнатиот спортски успех. ФФМ оценува дека последното соопштение на ФК Шкендија е целосно неприфатливо, неосновано и во очигледна спротивност со утврдената фактичка состојба, со содржина која претставува навреда за здравиот разум и интелигенцијата на спортската јавност. Фудбалска федерација на Македонија останува цврсто определена во намерата доследно да ги санкционира сите облици на недолично однесување, без разлика на клуб, поединец или функција“, стои во објавата на ФФМ. ФФМ ФК Шкендија Куп на Македонија Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off

Go to News Site