Kurir
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се работи со полна пареа кај Момин Поток. -Еден од најважните, но со години заглавени проекти за Скопје, денес е во напредна фаза. Во моментов се поставува нов асфалт на десната коловозна лента за влез во Скопје, на делот кој беше во застој поради нерешени имотно-правни односи, проблем што со посветена работа го решивме за кратко време, истакнува Ѓорѓиевски. Додава дека изграден е и дел од новиот мост на реката Серава. - Во следниот период, сообраќајот ќе биде пренасочен на новиот асфалт, со што ќе се отвори простор за реконструкција на коловозната лента кон булевар ,,Словенија”, доизградба на вториот дел од мостот и - целосно комплетирање на оваа важна сообраќајна артерија. Скопје повеќе нема време за застој, вели скопскиот градоначалник.
Go to News Site