Collector
Расел прв ќе стартува во спринтот за ГН на Канада | Collector
Расел прв ќе стартува во спринтот за ГН на Канада
Kajgana

Расел прв ќе стартува во спринтот за ГН на Канада

Расел прв ќе стартува во спринтот за ГН на Канада формула 1 2026 Филип Здравески 23.05.2026 / 09:30 Ф1 Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката, која се вози во рамките на Големата награда на Канада. Во првиот ред, до Британецот, пласман избори лидерот во генералниот пласман, Андреа Кими Антонели. Џорџ Расел на најдобар начин ја потврди доминацијата на тренингот и во квалификациите. Единствен успеа да извози еден круг под 1 минута и 13 секунди (1:12.965). Неговиот тимски колега, Антонели имаше послаб резултат за 68 илјадити делови од секундата. George Russell has sealed Sprint Pole in Canada, leading a 1-2 from team mate Kimi Antonelli with Lando Norris in third SPRINT QUALI REPORT https://t.co/8DUwmbnwPT #F1Sprint #CanadianGP pic.twitter.com/gCNvhXoScN — Formula 1 (@F1) May 22, 2026 Вториот ред им припадна на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, а третиот го освоија Луис Хамилтон и Шарл Леклер од Ферари. Макс Верстапен и неговиот колега Исак Хаџар се седми и осми, а во топ 10 се пласираа и Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) и Карлос Саинс (Вилијамс). Спринт трката на патеката во Монтреал се вози денеска од 18 часот. Директен пренос ќе има на каналот Arena Adrenalin. The full #F1Sprint grid is set We can't wait for this! ? #F1 #CanadianGP pic.twitter.com/hoX5nZwUth — Formula 1 (@F1) May 22, 2026 Џорџ Расел Ф1 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On

Go to News Site