Kurir
Кошаркарската сезона во Супер лигата е во самата завршница и утре на програмата е третиот финален натпревар од серијата меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот во лигата Маџари. - Утре нè чека третиот дуел од финалната серија против МЗТ. Јас ќе кажам само едно-моите играчи ќе дадат 120% од себе за сезоната да не заврши утре, изјави тренерот на Маџари Миодраг Тоодоровиќ, кој пред неколку сезони беше во улога на помошник во МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварот број 3 од финалната серија се игра утре во 19 часот во салата Наум Наумовски Борче во Маџари и тоа ќе биде првиот натпревар од финалето, кои Маџари го игра како домаќин.
Go to News Site