Collector
Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој пукаше кај Белата куќа | Collector
Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој пукаше кај Белата куќа
Kajgana

Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој пукаше кај Белата куќа

Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој пукаше кај Белата куќа Филип Здравески 24.05.2026 / 09:47 Свет Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна починал“, се наведува во соопштението. Во престрелката бил ранет и случаен минувач, соопшти Тајната служба, без да ја прецизира неговата состојба. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во изминатите две години беше мета на три наводни обиди за атентат, во моментот на инцидентот се наоѓал во Белата куќа, откако ги откажа сите патувања за викендот поради кризата со Иран. „ФБИ е на местото и дава поддршка на Тајната служба, која реагира на пукање во близина на Белата куќа“, напиша директорот на ФБИ Кеш Пател на социјалната мрежа Икс. Водителот на „Фокс њуз“ Брет Баер изјави дека добил информации од висок функционер на администрацијата дека вооружениот маж се приближил од западната страна на Белата куќа и испукал три куршуми. Според него, напаѓачот никогаш не го преминал безбедносниот периметар околу претседателската резиденција. Канадскиот турист Рејд Адријан за АФП изјави дека бил во близина кога „слушнал меѓу 20 и 25 истрели, кои звучеле како огномет, но всушност биле истрели од оружје и сите почнале да бегаат“, пренесува Франс24. Полицијата го блокираше пристапот до Белата куќа, а припадници на Националната гарда не им дозволи на новинарите да влезат во областа. Новинари кои се наоѓале на северниот тревник во моментот на инцидентот напишаа на Икс дека добиле наредба да се засолнат во салата за прес-конференции во Белата куќа. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site