Collector
Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град | Collector
Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
Kajgana

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град Филип Здравески 24.05.2026 / 09:33 Македонија Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да се спушти до 14, а максималната да достигне до 26 степени Целзиусови. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на новата седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site