Kajgana
Иран ја премести својата база од САД во Мексико од безбедносни причини фифа светско првенство 2026 канада/сад/мексико Филип Здравески 24.05.2026 / 11:35 Фудбал Репрезентацијата на Иран, со одобрение на ФИФА, ќе го премести својот камп за Светскотото првенство од Соединетите Американски Држави во Мексико, изјави во саботата претседателот на Иранската фудбалска асоцијација. ФИФА сè уште не го потврди преместувањето на кампот на репрезентацијата, што го најави Мехди Таџ. „Сите бази на националните тимови што учествуваат на Светското првенство мора да бидат одобрени од ФИФА“, рече Таџ во соопштението за медиумите. „За среќа, по барањата што ги поднесовме и средбите во Истанбул со претставници на ФИФА и Светското првенство, како и вчерашниот разговор со генералниот секретар на ФИФА, нашето барање за промена на кампот на репрезентацијата од Соединетите Американски Држави во Мексико беше одобрено“, додаде тој. Ова значи дека иранската репрезентација ќе биде сместена во Тихуана, Мексико, наместо во Тусон, Аризона, САД. „Ќе бидеме сместени во камп во Тихуана, кој се наоѓа во близина на Тихиот Океан и на границата меѓу Мексико и Соединетите Американски Држави“, рече Таџ, додавајќи дека тоа би можело да помогне во решавањето на евентуалните проблеми со визите кога тимот ќе влезе во Соединетите Американски Држави. Иранските власти претходно месецов изјавија дека играчите и членовите на персоналот сè уште не добиле визи за САД. Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Иран ќе ги игра првите два натпревара во Лос Анџелес против Нов Зеланд и Белгија, а третиот во Сиетл против Египет. Иран фудбал СП 2026 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site