Collector
Сообраќајна несреќа: Паркирано товарно возило при поаѓање удрило пешак | Collector
Сообраќајна несреќа: Паркирано товарно возило при поаѓање удрило пешак
Kurir

Сообраќајна несреќа: Паркирано товарно возило при поаѓање удрило пешак

На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.„Христо Татарчев", ул.„Марко Орешковиќ" и бул.„Србија" во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолкваген" со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, и веднаш откако тргнало удрило во пешакот И.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза". СВР Скопје презема соодветни мерки за утврдување на причините по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Go to News Site