Kurir
Во населеното место Бунарџик во Општина Илинден се одржа меморијалниот турнир во мал фудбал, посветен на македонскиот бранител Роберт Петковски. Турнирот, кој има силно меморијално и спортско значење, и оваа година обедини голем број љубители на спортот од Општина Илинден и околината. Во текот на натпреварувачките денови беа одиграни повеќе возбудливи натпревари на кои учествуваа 32 екипи, при што првото место го освои екипата гостилница „Кај Џек“, второто место ѝ припадна на „Компанија Атанасовски“, додека третото место го освои екипата НУСКНВП. На финалето присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој упати честитки до организаторите, учесниците и победничките екипи и истакна дека турнирот претставува значаен настан преку кој се негуваат вредностите на заедништво, почит и спортски дух кај младите генерации. Општина Илинден и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортски и меморијални настани кои придонесуваат за развој на здрава, активна и сплотена локална заедница.
Go to News Site