Kajgana
Герасимовски за свлечиштето во Центар: Обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот Филип Здравески 25.05.2026 / 21:40 Македонија Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции кон инвеститорот за непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар излегоа на терен и веднаш презедоа мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор“. Општина Центар, се додава во соопштението, нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор. „За секое прекршување ќе следуваат ригорозни мерки согласно законските надлежности. Истовремено, инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација, како и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба. Општина Центар останува на терен и будно ќе го следи случајот сè до целосно отстранување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните“. Претходно денеска на социјалните мрежи од иницијативата Во одбрана на Буњаковец на социјалните мрежи беа објавени фотографии и ведеа од свлечиште на градилиште во центарот на Скопје. „Оштетена е целата инфраструктура – кабли за струја, телекомуникации… Дали се загрозени и коловозите и тротоарите на булеварот и улицата – проценете сами“, нагласија од иницијативата Во одбрана на Буњаковец. Алармираат дека состојбата може да претставува ризик и за околната инфраструктура. Општина Центар бетонска џунгла Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site