Kajgana
Шкендија се раздели со Јетон Беќири, најуспешниот тренер во клупската историја Филип Здравески 25.05.2026 / 22:09 Фудбал Тетовска Шкендија соопшти дека Јетон Беќири оповеќе не е тренер на тимот, разделувајќи се со човекот кој го донесе најголемиот успех во историјата на клубот - пласман во Конференциската лига и европска пролет. Фото: ФК Шкендија Тетово Шкендија соопшти дека тренерот Јетон Беќири нема да го води тимот следната сезона, откако управата одлучила да не му понуди нов договор. Договорот на Беќири со тетовски клуб заврши со крајот на натпреварувачката сезона 2025/2026. „По заедничка евалуација на периодот на соработка, клубот и тренерот одлучија да се разделат во овој момент, затворајќи важно поглавје во поновата историја на Шкендија“, соопшти Шкендија. Јетон Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година и за време на неговиот престој на го предводеше тимот до шампионската титула во сезоната 2024/2025. Под негово водство, Шкендија го забележа и најуспешниот настап во историјата на клубот во европските натпреварувања, обезбедувајќи учество во лигашката фаза од Конференциската лига на УЕФА и пласман во плејоф фазата од натпреварувањето. „Сите ние во Шкендија му се заблагодаруваме на Јетон Беќири за неговиот придонес за време на неговото водење на тимот и му посакуваме здравје и успех во продолжението на неговата професионална кариера“, додадоа од клубот. Беќири не успеа да го повтори успехот од ланската сезона завршувајќи ја оваа на второто место во првата лига со 9 бодови заостанување зад шампионот Вардар. Згора на тоа, Шкендија дојде на чекор од пехарот во Купот на Македонија, но го загуби финалето од Силекс. „Искрена благодарност до сите играчи. Тие беа главни протагонисти на теренот, работеа со голема посветеност и се жртвуваа во секој натпревар за боите на овој клуб. Горд сум на карактерот и професионализмот што го покажаа во текот на целиот овој период во кој работевме заедно. Ја освоивме шампионската титула, во Европа бевме извонредни, се пласиравме во плејофот од Конференциската лига. Оваа година го имам поразот во финалето на Купот како казна, додека што се однесува до шампионатот, беше нерамномерна сезона во трката за титулата и подготвен сум да го оспорам ова на секого“, изјави Беќири за разделбата со Шкендија. ФК Шкендија Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро Off
Go to News Site