Collector
Притвор за турските државјани кои истепаа доставувач во Скопје | Collector
Притвор за турските државјани кои истепаа доставувач во Скопје
Kajgana

Притвор за турските државјани кои истепаа доставувач во Скопје

Притвор за турските државјани кои истепаа доставувач во Скопје Филип Здравески 26.05.2026 / 09:46 Хроника Полицијата поднесе кривична пријава и им одреди притвор на насилниците од Турција кои нападнаа доставувач во Скопје. Според информациите од МВР, вчера во 1:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24 мај, околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило Audi удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје против насилниците е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site