Kajgana
Аргентина може да здивне, Меси не е сериозно повреден Филип Здравески 26.05.2026 / 10:02 Фудбал Аргентинската репрезентација доби добри вести само три недели пред почетокот на Светското првенство. Капитенот Лионел Меси не е сериозно повреден. Неговиот клуб, Интер Мајами, објави дека на Меси му е дијагностицирано истегнување на мускулот на левиот бут, додека точниот датум на неговото враќање на теренот ќе зависи од текот на неговото закрепнување и медицинските проценки. Според аргентинскиот весник La Nación, осумкратниот освојувач на Златната топка треба да отсуствува околу десет дена, што значи дека треба да биде подготвен за Светското првенство. Загриженоста меѓу навивачите на Аргентина се појави по последниот натпревар на Интер Мајами пред репрезентативната пауза. Меси побара да биде заменет во 73. минута во победата на неговиот тим од 6:4 над Филаделфија Јунион. Држејќи се мускулот на левата нога го напушти теренот. The moment Messi chose not to risk Argentina’s World Cup with Inter Miami tonight pic.twitter.com/9h0qmuMqgQ — J. (@Messilizer0) May 25, 2026 И во МЛС почна паузата, а до овој момент Меси има 12 голови и 7 асистенции и е на делба на второто место на листата за најдобри стрелци. Актуелните светски шампиони ќе го одиграат својот прв натпревар на Светското првенство на 16 јуни во Канзас Сити против Алжир, во рамки на групата Ј. Аргентина сè уште не го објавила својот конечен список за Светското првенство, а Меси, кој наскоро ќе наполни 39 години, сè уште јавно не потврдил дали ќе игра на турнирот, иако јасно е дека ќе биде таму. Доколку е во составот, тоа би било шесто Светско првенство во кариерата за легендарниот Аргентинец. Лео Меси Аргентина фудбал СП 2026 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site