Kajgana
Баражите за пополнување на првата лига ќе се играат во Битола и Кавадарци Филип Здравески 26.05.2026 / 13:00 Фудбал Откако вчера официјално заврши сезоната во превата лига, ФФМ денеска ги одреди стадионите на кои ќе се играат двата бараж натпревари за пополнување на лигата за наредната сезона. Со оглед на тоа што на овие бараж натпревари ќе се применува ВАР системот, во игра беа исклучиво стадиони каде што може да се користи неопходната опрема за ВАР. ФФМ донесе одлука баражите да се играат на стадионите во Битола и Кавадарци. Така, 9-топласираната Брера Струмица ќе игра против второпласираниот второлигаш Скопје на новиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, додека на „Градски“ во Кавадарци ќе се сретнат осмопласираниот прволигаш Пелистер против третопласираниот второлигаш Шкендија 77 од Арачиново. Битолски Пелистер и струмичка Брера ќе се борат за гол прволигашки живот, Скопје ќе се бори за враќање во елитата по пауза од три години, додека арачиновци сонуваат прв деби настап во македонската фудбалска елита. Стадион „Петар Милошевски“ во Битола Брера Струмица - Скопје Стадион „Градски“ во Кавадарци Пелистер - Шкендија 77 Двата натпревара се играат в недела (31 мај) со почеток од 16:30 часот. Судиите ќе бидат дополнително одредени. ФК Брера Струмица ФК Пелистер ФК Скопје ФК Шкендија 77 1.МФЛ Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро Off
Go to News Site