Collector
Направете ресана торта без печење: Едноставен рецепт за совршен празничен десерт | Collector
Направете ресана торта без печење: Едноставен рецепт за совршен празничен десерт
Kajgana

Направете ресана торта без печење: Едноставен рецепт за совршен празничен десерт

Направете ресана торта без печење: Едноставен рецепт за совршен празничен десерт Филип Здравески 26.05.2026 / 14:26 Рецепти Доколку немате многу време за подготовка на торта, но сепак сакате да направите вкусен и ефикасен десерт што ќе ги воодушеви сите, овој рецепт е идеален избор за вас. Станува збор за едноставна торта без печење што се подготвува брзо, а резултатот е богат, кремаст и освежителен десерт што се топи во устата. Овој десерт е совршена комбинација од чоколадо, портокал и лесен крем, а се подготвува едноставно и без печење. Се состои од два слоја - чоколадна основа и кремаст слој од пудинг со арома на портокал, со додаток на ресани кои даваат посебна свежина и вкус. Потребни состојки: 200 мл млеко 5 лажици шеќер 100 гр чоколадо 100 гр путер 200 гр ресани за жолтиот слој: 600 мл млеко 80 гр пудинг со вкус на сладок крем (2 кесички) 5 лажици шеќер 100 гр павлака 100 гр путер дополнително: сок  од 1 портокал рендана кора од 1 портокал 150 гр ресани Подготовка: Во тенџере ставете 200 мл млеко, 100 гр путер, 5 лажици шеќер и 100 гр чоколадо. Загревајте на тивок оган додека сè не се растопи и не се соедини во мазна смеса. Се препорачува потемно чоколадо за смесата подобро да се стврдне. Во меѓувреме, изрендајте ја кората и исцедете го сокот од еден портокал. Кога смесата ќе се соедини и ќе стане мазна, варете ја кратко, потоа тргнете од оган и додадете половина од ренданата кора и дел од сокот од портокал. Сè добро измешајте. Издробете ги ресаните (200 гр) и измешајте ги со подготвената чоколадна смеса додека сè не се соедини. Добиената смеса притиснете ја во калап и израмнете ја, а потоа ставете ја во фрижидер да се стегне. За кремастиот слој, загрејте 450 мл млеко до вриење. Во посебен сад, измешајте го прашокот за пудинг со шеќер и малку млеко, а потоа варете ја смесата во топлото млеко, мешајќи постојано додека не се згусне. Тргнете од оган и додадете го путерот, павлаката, преостанатата кора од портокал и сокот во топлиот пудинг. Добро измешајте сè додека не добиете мазен крем, а потоа оставете неколку минути малку да се олади. Рамномерно распоредете го кремот врз изладената чоколадна основа, измазнете ја и додадете ресани по желба. Оставете го десертот во фрижидер целосно да се стегне пред сервирање. десерт рецепт Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site