Kajgana
Градоначалникот Ѓорѓиевски најави голема теренска посета во сите скопски општини Филип Здравески 26.05.2026 / 14:40 Македонија Градоначаникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнува голема теренска посета која ќе ги опфати сите скопски општини, со цел на лице место да ги чуе потребите и барањата на граѓаните. Скопје се гради со работа, со збор што се исполнува и со гласот на граѓаните. Вашиот глас, вашите потреби и вашите барања се нашата водилка во визијата за достоинствено, уредено и модерно Скопје. Затоа, започнуваме досега најголема теренска посета низ сите скопски општини. Доаѓаме директно кај вас, во вашата општина. Ќе ги слушнеме проблемите од лице место, ќе направиме увид во проектите што се започнати, ќе разговараме за она што треба да се реализира и ќе ги решаваме работите таму каде што најмногу значат, меѓу граѓаните. Најави дека заедно со него ќе бидат и директорите на јавните претпријатија на Град Скопје, како и претставници од градските сектори, за граѓаните директно да постават прашања, да дадат предлози и да добијат конкретни одговори, но и, како што надеве, брза реакција и брзо решение. „Теренот е мојата природна средина. Меѓу народот, очи во очи со граѓаните, таму каде што се гледаат реалните проблеми и каде што се носат вистинските решенија - таму се чувствувам дома. За само шест месеци успеавме да откочиме, започнеме и реализираме бројни проекти кои со години беа заборавени, заглавени или оставени без волја за работа. Денес, Скопје е големо градилиште. Град во кој се работи, се создава и се испишува нова историја - поубава, посилна и подостоинствена за секој скопјанец.“ Орце Ѓорѓиевски Град Скопје Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off
Go to News Site