Kajgana
Аломеровиќ: Од мал сонував да заиграм за репрезентацијата, чувството е прекрасно Филип Здравески 26.05.2026 / 14:56 Фудбал Дебитантот во македонската репрезентација, левиот бек Дин Аломеровиќ, ја даде првата изјава како репрезентативец во која не го криеше задоволството од првиот повик. Фото: ФФМ Репрезентативцитре од вчера се во Скопје, а го одржаа и првиот тренинг, на кој дебитантите се запознаваа со останатите староседелци. Дин Аломеровиќ на крајот ан јуни ќе полни 29 години. Конечно дочека да го облече репрезентативнниот дрес на главната репрезентација, откако порано има настапи за младинските. Тоа му го овозможија добрите игра во романскиот прволигаш УТА од Арад, и секако новиот селектор Гоце Седлоски кој е решен во репрезентрацијата да внесе нова свежина. Аломеровиќ и лани имаше добра сезона во дресот на Работнички, кога моижеби беше најдобриот лев бек во првата лига помагајќи им на дебармаалци да стигнат до третото место. „Чувството е прекрасно, со голема чест и задоволство сум тука. Желба ми беше од мали нозе да дојде денот да заиграм за репрезентацијата. Порано бев член во сите младински категории, а сега, фала му на Господ, се најдов тука и во сениорскиот тим. Со добрите игри и благодарение на стручниот штаб, мојата желба се исполни“. „Ги познавам половина од играчите, но сакам да верувам во тимот. Знам дека имаме квалитет да се носиме со сите, па така и со Босна и Турција. Сè е до стручниот тим и начинот на кој ќе нè постават. Мислам дека нема да имаме проблем на овие две средби.“ Сезонава за УТА одигра 32 натпревара на кои успеа да постигне и 2 гола и да запише исто толку асистенции. Одигра и 3 меча во романскиот куп каде постигна и еден гол. Македонија на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентација на Босна и Херцеговина, додека на 1 јуни во Истанбул ќе се соочи со селекцијата на Турција. Двете репрезентации се учесници на претстојното Светско првенство. Дин Аломеровиќ Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро Off
Go to News Site