Collector
ОВА Е ПРВАТА ОПШТИНА: Ѓорѓиевски со големи теренски посети, граѓаните да дадат предлози, да добијат одговори и брза реакција | Collector
ОВА Е ПРВАТА ОПШТИНА: Ѓорѓиевски со големи теренски посети, граѓаните да дадат предлози, да добијат одговори и брза реакција
Kurir

ОВА Е ПРВАТА ОПШТИНА: Ѓорѓиевски со големи теренски посети, граѓаните да дадат предлози, да добијат одговори и брза реакција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски започнува со теренски посети во сите скопски општини. Целта е да се слушнат потребите и барањата на граѓаните, кои за градската власт ќе бидат водилка во визијата за достоинствено, уредено и модерно Скопје. Теренските посети започнуваат веќе од УТРЕ, од општина Кисела Вода. Средбата со жителите на Кисела Вода ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ со почеток во 19:30 часот. - Доаѓаме директно кај вас, во вашата општина. Ќе ги слушнеме проблемите од лице место, ќе направиме увид во проектите што се започнати, ќе разговараме за она што треба да се реализира и ќе ги решаваме работите таму каде што најмногу значат, меѓу граѓаните.  Заедно со мене ќе бидат и директорите на јавните претпријатија на Град Скопје, како и претставници од градските сектори, за граѓаните директно да постават прашања, да дадат предлози и да добијат конкретни одговори, но и брза реакција, брзо решение. Теренот е мојата природна средина. Меѓу народот, очи во очи со граѓаните, таму каде што се гледаат реалните проблеми и каде што се носат вистинските решенија - таму се чувствувам дома. За само шест месеци успеавме да откочиме, започнеме и реализираме бројни проекти кои со години беа заборавени, заглавени или оставени без волја за работа. Денес, Скопје е големо градилиште, вели Ѓорѓиевски.

Go to News Site