Kajgana
МВР со апел до охриѓани: Избегнувајте го реонот околу стрелиштето Бејбунар поради вежба со боева муниција Филип Здравески 27.05.2026 / 13:51 Македонија Полицијата утре од 8 часот на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведува вежбовно гаѓање со боева муниција. Пред почетокот на вежбовните активности ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ - Охрид. СВР Охрид апелира до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. МВР Охрид Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site