Collector
ВИДЕО: Кругот на животот | Collector
ВИДЕО: Кругот на животот
Kurir

ВИДЕО: Кругот на животот

Видео од ООУ „Његош“ и детска градинка „25 Мај“ - објект Морковче привлече внимание поради својата едноставна, но силна порака. Имено, учениците кои годинава ја слават полуматурата и го завршуваат основното образование, симболично се поздравија со идните првачиња кои допрва ќе седнат во училишните клупи. Во видеото, кое училиштето и градинката го објави на социјалните мрежи, се гледа моментот на „смена на генерации“ – едни заминуваат кон средно образование, додека други го започнуваат својот прв училиштен ден. „Кругот на животот“, напишаа кратко како опис на видеото. А, детската градинка „25 Мај“ - објект Морковче порача: „Горди сме на секој ваш чекор. Среќно дечиња, и секогаш чувајте го детето во себе“! Имено тие денес свечено го заокружија предучилишното воспитување со преубаво организирана приредба за родителите и роднините на дечињата од големата група во објектот „Морковче“. Со многу емоции,насмевки и гордост се одржа завршната приредба на децата од големата група-објект „Морковче“. Им посакуваме многу среќа и безброј успеси во новите почетоци. Среќно,драги наши првачиња!- наведуваат во објавата. Објавата предизвика позитивни реакции кај родителите и граѓаните, кои коментираат дека ваквите моменти потсетуваат дека училиштето не е само место за оценки, туку и простор каде растат генерации, спомени и пријателства. https://www.facebook.com/reel/1542254264280856

Go to News Site