Kurir
Во пет одвоени случаи во морскиот дел јужно од грчките острови Крит и Гавдос, од синоќа до рано утрово припадниците на крајбрежната служба на Грција и силите на Фронтекс откриле и спасиле вкупно 240 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од петте случаи, четири се рано утрово, кога биле откриени четири чамци со 202 мигранти и сите биле безбедно префрлени на пристаништата на Крит и Гавдос. Два чамци со 44 и 60 лица, со помош на воздушно средство на силите на Фронтекс биле откриени во морскиот дел јужно од Иерапетра и Кали Лимени на Крит, додека пак другите два чамци со 63 и 35 лица се во близина на малиот остров Гавдос. Паралелно, доцна синоќа исто така јужно од Гавдос биле откриени и спасени уште 38 мигранти. Во изминатиот период зголемени се мигрантските бранови кон Крит и Гавдос со оглед на тоа што криумчарите ја користат т.н. јужна рута за од мигрантите од Либија кон Европа.
Go to News Site