Collector
Спасени над 200 мигранти во пет одвоени случаи во поширокиот морски регион кај грчкиот остров Крит | Collector
Спасени над 200 мигранти во пет одвоени случаи во поширокиот морски регион кај грчкиот остров Крит
Kurir

Спасени над 200 мигранти во пет одвоени случаи во поширокиот морски регион кај грчкиот остров Крит

Во пет одвоени случаи во морскиот дел јужно од грчките острови Крит и Гавдос, од синоќа до рано утрово припадниците на крајбрежната служба на Грција и силите на Фронтекс откриле и спасиле вкупно 240 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од петте случаи, четири се рано утрово, кога биле откриени четири чамци со 202 мигранти и сите биле безбедно префрлени на пристаништата на Крит и Гавдос. Два чамци со 44 и 60 лица, со помош на воздушно средство на силите на Фронтекс биле откриени во морскиот дел јужно од Иерапетра и Кали Лимени на Крит, додека пак другите два чамци со 63 и 35 лица се во близина на малиот остров Гавдос. Паралелно, доцна синоќа исто така јужно од Гавдос биле откриени и спасени уште 38 мигранти. Во изминатиот период зголемени се мигрантските бранови кон Крит и Гавдос со оглед на тоа што криумчарите ја користат т.н. јужна рута за од мигрантите од Либија кон Европа.

Go to News Site