Collector
Личниот асистент на Пери осуден на 41 месец затвор | Collector
Личниот асистент на Пери осуден на 41 месец затвор
Kurir

Личниот асистент на Пери осуден на 41 месец затвор

Личниот асистент, кој на актерската ѕвезда од популарната серија „Пријатели“, Метју Пери, му вбризгал смртоносна доза кетамин, е осуден на 41 месец затвор. Кенет Ивамаса, признал дека му вбризгал кетамин по негово барање, пред да го напушти домот на актерот во Лос Анџелес, 2023 година. Откако се вратил, Пери веќе бил починат. По негово признание, судијката Шерилин Гарнет изрече казна од 41 месец затвор. Ивамаса изрази сочувство до семејството, велејќи дека жали што извршил кривично дело, што ќе го вознемирува додека е жив. По направената обдукција било утврдено дека Пери починал од ефектите на кетаминот, кои во комбинација со други фактори довеле до губење на свеста и давење. По изречената затворска казна од 41 месец е завршено кривичното прогонување против петте лица кои признале вината.

Go to News Site