Collector
Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години | Collector
Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години
Kajgana

Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години

Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години Александра Спасеска 28.05.2026 / 12:29 Музика Раперот Дрејк стана соло изведувач со најмногу песни број 1 на музичките листи откако „Janice STFU“ се искачи на врвот на листата Billboard Hot 100. Со ова, канадскиот рапер го сруши долгогодишниот рекорд на Мајкл Џексон за најголем број песни од соло машки изведувач што стигнале до првото место на оваа листа. Џексон претходно го држеше рекордот со 13 песни на врвот на листата Billboard Hot 100. Неговата хит серија започна со песната „Ben“ во 1972 година, а во текот на 1980-тите имаше девет хитови број еден. Неговата последна песна број еден, „You Are Not Alone“, дебитираше на врвот на листата во 1995 година, рекорд што го држеше повеќе од три децении. Новиот успех доаѓа само неколку недели откако Дрејк ги изненади обожавателите со објавувањето на три албуми на 15 мај: Iceman, Habibti и Maid of Honour. Откако го промовираше Iceman преку преноси во живо и ненајавени најави во текот на изминатите две години, Дрејк откри за време на неговиот последен стрим пред објавувањето дека истата вечер ќе издаде уште два изненадувачки албуми. Секој проект претставува различна страна од неговата дискографија. Iceman е деветтиот студиски рап албум на Дрејк, а гостуваат и 21 Savage, Future и Моли Сантана. Албумот содржи остри текстови и критики насочени кон медиумската сцена, вклучувајќи и повици до ASAP Rocky, Џеј-Зи, кендрик Ламар. Леброн Џејмс и Ријана. Од друга страна, Habibti е опишан од обожавателите како поисполиран R&B проект кој потсетува на претходните музички денови на Дрејк. Maid Of Honour е енергичен денс албум инспириран од електронската музика и клупските звуци на Jersey, и многумина потсетува на неговиот албум од 2022 година Honestly, Nevermind. Албумите Iceman, Habibti и Maid Of Honour доминираа на музичките листи по нивното објавување, заземајќи ги првото, второто и третото место. Iceman стана и 15-ти албум број еден на Дрејк, надминувајќи го Џеј-Зи како најуспешен соло рап и R&B изведувач. Дрејк моментално е изедначен со Ријана и Тејлор Свифт со по 38 албуми на листите, што го става на третото место меѓу сите изведувачи, зад Мараја Кери и Битлс. Покрај тоа, Дрејк го сруши рекордот на Морган Волен за најмногу песни на Billboard Hot 100 за една недела, со вкупно 42 песни. Во исто време, зафаќа девет од 10 места на рангирањето. Реперот дополнително го прошири сопствениот рекорд со вкупно 90 хитови меѓу десетте најдобри песни во својата кариера и официјално стана првиот изведувач кој надмина 400 записи на листата Billboard Hot 100. Дрејк Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site