Collector
Пожар во Шутка: Запалени картони, две лица завршија во болница | Collector
Пожар во Шутка: Запалени картони, две лица завршија во болница
Kurir

Пожар во Шутка: Запалени картони, две лица завршија во болница

На 28.05.2026 во 00:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија, по што сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот. -Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Go to News Site