Collector
Темелна акција за чистење и хортикуларно уредување на „Млечен“ | Collector
Темелна акција за чистење и хортикуларно уредување на „Млечен“
Kurir

Темелна акција за чистење и хортикуларно уредување на „Млечен“

Општинските служби продолжија со акција на темелно чистење и уредување на јавниот (урбан) простор на плоштадот „Млечен“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“. Во рамките на акцијата се посадија нови нискостеблести растенија, а ќе се изврши миење и дезинфекција на клупите, ќе се кастрат и дрвјата, сè со цел плоштадот „Млечен“ да добие подобар естетски изглед, нов сјај и подобра прегледност на амбиенталниот простор, но и ќе се исчисти целосно самиот плоштад. Дополнително, се работи и на санација на дефектот на системот за полевање кој ќе биде во служба на одржување на зелените површини. Со овие активности „Млечен“ станува почисто , поуредено и побезбедно јавно место за сите граѓани кои го користат за одмор, рекреација и дружење. Општина Карпош продолжува со интензивни активности за одржување на јавната хигиена, зеленилото, урбаната опрема и темелно чистење на останатите плоштади низ цела општина. Апелираме до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат јавните простори за заеднички да ги зачуваме чисти, уредени и функционални за сите генерации.

Go to News Site