Collector
„Музичка Фабрика“ ја обедини Македонија преку музика — спектакуларен завршен концерт во МНТ | Collector
„Музичка Фабрика“ ја обедини Македонија преку музика — спектакуларен завршен концерт во МНТ
Kurir

„Музичка Фабрика“ ја обедини Македонија преку музика — спектакуларен завршен концерт во МНТ

Со овации, преполна сала и силни емоции, синоќа во Македонскиот народен театар се одржа завршниот ревијален концерт на проектот „Музичка Фабрика“, со што официјално беше заокружена првата сезона од овој национален детски музички проект — единствен од ваков тип во Македонија. Пред повеќе од 600 посетители, на сцената настапија 170 деца — солисти, членови на хорот и танчери — кои преку музика, енергија и искрени емоции приредија вечер за паметење. Во рамки на концертот беа изведени 20 нови авторски композиции, создадени специјално за проектот од страна на повеќе од 30 еминентни македонски автори, композитори, текстописци и музички продуценти. „Музичка Фабрика“ во изминатиот период прерасна во вистинско музичко движење кое повторно ги собра семејствата пред малите екрани и создаде простор каде младите таленти добија можност професионално да се развиваат, да создаваат и да настапуваат на голема сцена. Проектот опфати аудициски караван низ повеќе градови во Македонија — Струмица, Тетово, Битола и Скопје — каде учествуваа повеќе од 600 деца. Од нив беа избрани 20 солисти кои поминаа низ процес на музичка едукација, сценска подготовка и работа со реномирани музички имиња, додека од дел од останатите учесници беше формиран хорот на „Музичка Фабрика“. Целиот процес — од аудициите до големата сцена — беше следен преку 28 телевизиски епизоди емитувани на Македонската радио телевизија. Завршниот концерт донесе врвна сценска продукција, светлосни ефекти, кореографии, детски хор, танцови настапи и силна поддршка од публиката, претворајќи ја сцената на Македонскиот народен театар во вистински музички спектакл. Организаторите упатија огромна благодарност до Македонската радио телевизија како нивен партнер, како и до сите деца, родители, автори, музичари и соработници кои беа дел од оваа приказна и помогнаа „Музичка Фабрика“ да стане симбол на новата генерација македонска детска музика. По успехот на првата сезона, тимот најавува уште поголеми планови, нови проекти и продолжување на мисијата за создавање квалитетна домашна музика за деца и млади.

Go to News Site