Kajgana
Пол Макартни откри како Битлси го добиле името Филип Здравески 28.05.2026 / 14:13 Музика Музичката легенда Сер Пол МекКартни во интервју за BBC Radio 2 откри помалку позната приказна за тоа како групата „Битлси“ (The Beatles) го добила своето име, признавајќи дека сè настанало поради едно големо недоразбирање. Oбјасни дека со Џон Ленон биле огромни обожаватели на групата на Бади Холи, „The Crickets“, чие име целосно погрешно го протолкувале, мислејќи дека има двојно значење – и за инсектот (штурец) и за истоимениот спорт. Инспирирани од оваа „игра на зборови“, Ленон и МекКартни го смислиле името „The Beatles“ како комбинација од зборовите „beetles“ (бубачки) и „beat“ (ритам). По неколку години, МекКартни се запознал со членовите на „The Crickets“ и им открил дека тие биле инспирацијата, но на негово изненадување, тие му признале дека името на нивниот бенд никогаш не било замислено како игра на зборови. Иронично, едно од имињата за кои самите „The Crickets“ своевремено размислувале било токму „The Beetles“. Во интервјуто, МекКартни се присети и на своите почетоци, нагласувајќи дека песната „Be-Bop-A-Lula“ на Џин Винсент целосно му го променила погледот на музиката во време кога рок-ен-ролот дури пробивал на сцената. Се осврна и на односот со Џон Ленон, истакнувајќи дека по распадот на бендот во 70-тите се оддалечиле, но повторно се зближиле пред убиството на Ленон, што денес му носи голема утеха. Говорејќи за култната песна „Imagine“, МекКартни ја опиша како магична и прекрасна визија за светот. Битлси Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site