Kajgana
Седлоски: За нас нема пријателска, штом излеземе на терен одиме на победа Филип Здравески 28.05.2026 / 18:48 Фудбал Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, заедно со голманот Столе Димитриевски одржа прес-конференција пред утрешниот пријателски натпревар со Босна и Херцеговина на кој ги кажаа своите очекувања. Фото: ФФМ „Најважно е утре да излеземе и да одиграме добар натпревар. Нека победи подобриот. Ние си ја гледаме својата работа, како да одиграме. А, и БиХ има свои амбиции, како да се престави пред своите навивачи“, рече Седлоски. „За нас нема пријателска, штом излеземе на терен одиме на победа. Имаме доста нови играчи, сакам да ги видам, да се подготвиме за ова што следува за неколку месеци, за Лигата на нации“, додаде тој. Селекторот не сакаше да открие кој ќе настапи на позицијата на повредениот Барди. „Имаме уште еден тренинг, не дај Боже уште некој да се повреди. Сакам да го одработиме, имам неколку комбинации во глава, па ќе видиме. Планирам на сите нови играчи да им дадам шанса на овие два натпревара, кој 90 минути, кој помалку.“ Во отсуство на повредениот Енис Барди капитен ќе биде Димитриевски. „Мислам дека влегувам во врвот на мојата кариера. Голманите малку подоцна го прават тоа. Имав одлична сезона, се надевам тоа ќе се пренесе и во репрезентацијата“, изјави Димитриевски. Македонија и домашните „Змајеви“ ќе играат в петок вечер од 20:30 часот на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Директен пренос ќе има на МРТ. Гоце Седлоски Македонија фудбал Столе Димитриевски Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On
Go to News Site