Collector
Кошта од понеделник во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот | Collector
Кошта од понеделник во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот
Kurir

Кошта од понеделник во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни. Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста. -Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати - изјавил Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет. Кошта ќе ги посети шесте партнери од Западен Балкан, почнувајќи во Сараево во понеделник, 1 јуни. Во вторник, 2 јуни, тој ќе биде во Тирана, потоа ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Следниот ден, среда, 3 јуни, Кошта ќе се упати кон Приштина, додека во четврток, 4 јуни, ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора. На 5 јуни, претседателот на Европскиот совет, Кошта, ќе биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан. Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

Go to News Site