Collector
Концерт по повод 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност | Collector
Концерт по повод 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност
Kajgana

Концерт по повод 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност

Концерт по повод 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност Филип Здравески 29.05.2026 / 09:59 Култура Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност. Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, потврдувајќи ја важноста на музичката уметност, образованието и негувањето на културните вредности. Концертот ќе се одржи на 1 јуни, во салата на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, со почеток во 20:00 часот, каде публиката ќе има можност да ужива во внимателно подготвена музичка програма во изведба на младите уметници – студентите на ФМУ, кои преку својот талент, посветеност и уметнички израз го продолжуваат богатото музичко наследство на институцијата Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site