Collector
За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје | Collector
За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје
Kajgana

За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје

За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје Филип Здравески 29.05.2026 / 09:50 Теми и коментари Никогаш во досегашната историја на македонската прва лига по отцепувањето од Југославија не се случило да има помалку од три клубови од главниот град, а наредната сезона токму тоа може да се случи. Фото: Филип Здравески (Кајгана) Македонската престолнина Скопје отсекогаш важела за град со изобилство на фудбалски клубови. Тоа го покажува и историјата оти ако ги погледнеме табелите од сезоните во независна Македонија, почнувајќи од првата 1992/1993 до оваа последнава 2025/2026, ќе видиме дека секогаш имало најмалку три скопски екипи, а често и повеќе. Верувале или не, во сезоната 1998/1999 имало дури 7 скопски екипи. Тогаш прволигашки фудбал се играл во Дебар Маало, Чаир, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Автокоманда. Скопските фудбалски вљубеници секој викенд можеле да бираат на кој стадион да отидат. Изминатава сезона беа четири скопски екипи во првата лига, но дури три директно испаднаа (Шкупи, Работнички и Македонија ЃП), а остана само Вардар. Доколку остане така, наредната сезона Скопје прв пат ќе има само еден прволигаш. Но, играта не е завршена. Претстојат баражите в недела каде Скопје од Автокоманда и Шкендија 77 од Арачиново ќе имаат шанса да го поправат бројот на скопски екипи во македонската елита. Да, Шкендија 77 не е од градот туку е од околината, но во своето Арачиново нема стадион и домашните натпревари ги игра во Ченто или во Маџари. Ако влезе во елитата, а поради употребата на ВАР системот, којзнае каде ќе игра оти ниту тие стадиони немаат ВАР стандарди, освен ако летово не исталираат. Но, за тоа прво арачиновци треба в недела да го елиминираат битолски Пелистер. А, пак, Скопје против струмичка Брера ќе брка пласман во првата лига. Вкупно 10 различни скопски клубови имаат настапувано во првата лига. Најмногу сезони има одиграно Вардар, па Работнички, а најмалку Еуромилк, само една. Одиграни сезони во првата лига: 32 - Вардар (Скопје) 28 - Работнички (Дебар Маало) 25 - Шкупи (Чаир) 23 - Македонија ЃП (Ѓорче Петров) 15 - Цементарница 55 (Кисела Вода) 9 - Металург (Железара) 7 - Балкан (Чаир) 6 - Скопје (Автокоманда) 2 - Маџари Солидарност (Маџари) 1 - Еуромилк (Горно Лисиче) Сите скопски во првата лига низ историјата: 1992/1993 (6) Вардар, Балкан Стококомерц, Слога Југомагнат, ФЦУ 55, Македонија, Металург 1993/1994 (5) Вардар, Балкан Стококомерц, Слога Југомагнат, ФЦУ 55, Македонија 1994/1995 (4) Вардар, Слога Југомагнат, Балкан БиСи, ФЦУ 55 1995/1996 (5) Слога Југомагнат, Вардар, Македонија, Балкан, ФЦУ 55 1996/1997 (5) Слога Југомагнат, Вардар, Македонија, Балкан, Цементарница 55 1997/1998 (6) Слога Југомагнат, Македонија Асиба, Вардар, Балкан, Цементарница 55, Скопје 1998/1999 (7) Слога Југомагнат, Вардар, Цементарница 55, Македонија Асиба, Работнички Кометал, Скопје, Балкан 1999/2000 (5) Слога Југомагнат, Работнички Кометал, Цементарница 55, Македонија Асиба, Вардар 2000/2001 (5) Слога Југомагнат, Вардар, Работнички Кометал, Цементарница 55, Македонија ЃП 2001/2002 (5) Вардар, Цементарница 55, Слога Југомагнат, Работнички Кометал, Македонија ЃП 2002/2003 (4) Вардар, Работнички Кометал, Слога Југомагнат, Цементарница 55 2003/2004 (5) Вардар, Работнички Кометал, Слога Југомагнат, Маџари Солидарност, Цементарница 55 2004/2005 (5) Работнички Кометал, Вардар, Цементарница 55, Маџари Солидарност, Слога Југомагнат 2005/2006 (4) Работнички Кометал, Македонија ЃП, Вардар, Цементарница 55 2006/2007 (3) Работнички Кометал, Македонија ЃП, Вардар 2007/2008 (4) Работнички Кометал, Вардар, Македонија ЃП, Цементарница 55 2008/2009 (4) Македонија ЃП, Работнички, Вардар, Металург 2009/2010 (5) Работнички, Металург, Вардар, Македонија ЃП, Слога Југомагнат 2010/2011 (4) Металург, Работнички, Скопје, Вардар 2011/2012 (3) Вардар 1947, Металург, Работнички 2012/2013 (3) Вардар, Металург, Работнички 2013/2014 (5) Работнички, Вардар, Металург, Еуромилк, Македонија ЃП 2014/2015 (3) Вардар, Работнички, Металург 2015/2016 (4) Вардар, Работнички, Шкупи, Металург 2016/2017 (4) Вардар, Работнички, Шкупи, Македонија ЃП 2017/2018 (4) Вардар, Работнички, Шкупи, Скопје 2018/2019 (4) Вардар, Шкупи, Македонија ЃП, Работнички 2019/2020 (4) Вардар, Шкупи, Македонија ЃП, Работнички 2020/2021 (4) Шкупи, Македонија ЃП, Работнички, Вардар 2021/2022 (4) Шкупи, Македонија ЃП, Работнички, Скопје 2022/2023 (4) Шкупи, Македонија ЃП, Работнички, Скопје 2023/2024 (4) Шкупи, Работнички, Вардар, Македонија ЃП 2024/2025 (3) Работнички, Вардар, Шкупи 2025/2026 (4) Вардар, Македонија ЃП, Работнички, Шкупи 2026/2027 (1) Вардар, ??? 1.МФЛ ФК Вардар ФК Работнички ФК Македонија ЃП ФК Шкупи ФК Скопје Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site