Collector
Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет | Collector
Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет
Kurir

Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. „По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта”, посочи Милошоски и додаде: „Ние веќе едни такви уставни измени имавме. Тогаш СДС и ДУИ ги промовираа како уставни измени по однос на уставното име на Република Македонија, дека тоа ќе ги отвори вратите на ЕУ, дека ќе има бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, беше таа една голема кампања, но видовме дека наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме затворена врата пред нос од страна на Франција, а потоа од и од соседна Бугарија”. Милошоски е дециден дека Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет, јазикот и историската посебност на македонскиот народ. „Поучени од тоа искуство, сметаме дека би било лековерно да се оди во уставни измени, а притоа да немате извесност во процесот дека ќе си зачувате своја национална посебност и дека ќе стигнете до целта како полноправна земја членка на ЕУ", заклучи Милошоски.

Go to News Site