Kurir
Изборите за нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации ќе се одржат во вторник, 2 јуни, а земјите-членки треба да направат избор меѓу двајца кандидати за наследник на Аналена Бербок. Претседателот на Генералното собрание на ОН обично се избира по ротација од еден од петте региони, а овој пат треба да се избере од Азиско-пацифичката група. Кандидатите за таа позиција се искусни дипломати - актуелниот министер за надворешни работи на Бангладеш, Халилур Рахман и амбасадорот на Кипар во ОН, Андреас Какурис.
Go to News Site