Kajgana
Сончево со мала до умерена локална облачност Филип Здравески 30.05.2026 / 06:52 Македонија Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во недела и понеделник претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site