Collector
Денеска сончево и топло, утре можно невреме со дожд и грмежи | Collector
Денеска сончево и топло, утре можно невреме со дожд и грмежи
Kajgana

Денеска сончево и топло, утре можно невреме со дожд и грмежи

Денеска сончево и топло, утре можно невреме со дожд и грмежи Филип Здравески 30.05.2026 / 06:52 Македонија Денеска нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во источните делови од земјата повремено и засилен. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен. Во главниот град ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Скопје ќе се движи од 12 до 30 степени. Од УХМР најавуваат промена на временските услови во текот на викендот и почетокот на следната недела. Утре и во понеделник претпладне во попладневните часови ќе постојат услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде релативно стабилно, со променлива облачност и сончеви интервали. Од четврток повторно се очекува нестабилно време проследено со дожд, грмежи и засилен ветер. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site