Collector
Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси во првиот дел ќе беше друг меч | Collector
Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси во првиот дел ќе беше друг меч
Kajgana

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси во првиот дел ќе беше друг меч

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси во првиот дел ќе беше друг меч Филип Здравески 30.05.2026 / 08:30 Фудбал Селекторот Гоце Седлоски го даде својот впечаток за вчерашниот пријателски натпревар против Босна и Херцеговина кој заврши без голови . Фото: Филип Здравески (Кајгана) „Во првото полувреме имавме шанси, Босна имаше иницијатива. Доколку постигневме гол од тие две шанси ќе беше сосем друг натпревар. Игравме против силна репрезентација која се пласира на Светско и пред фантастична атмосфера. Мислам дека резултатот е најреален.“ Седлоски направи дури 11 измени, а дебитираа четворица играчи и тоа Георгије Јанкулов, Дин Аломеровиќ, Азер Омерагиќ и Дарко Анѓелески. „Задоволен сум од новите играчи што влегоа. И другите што беа на клупа ќе добијат шанса на следниот натпревар. Се спремаме за она што следи во Лига на нации.“ Можеби изненадување беше тоа што Езѓан Алиоски не се најде во почетните единаесет, а за тоа селекторот рече: „Алиоски се врати од повреда. Последните 3-4 натпревари во швајцарската лига влегуваше во второто полувреме. Знаеме какви квалитети има Џани и го чекаме да се врати.“ Македонија следниот меч го игар против Турција во Истанбул в понеделник. Гоце Седлоски Македонија фудбал Езѓан Алиоски Автор/Извор Филип Здравески (од Сараево) Прикажи во метро On

Go to News Site